Аватар – како од филмот?

Дечки здраво!

Често се сретнуваме со прашањето за името на нашата агенција – Аватар Медиа 🙂 Ако не сте дел од оние кои не прашале, а сакате да дознаете, here we go:

Најчеста асоцијација е познатиот филм Avatar, кој е дело на познатиот режисер и 3-кратен добитник на Оскар, Џејмс Камерон. Сепак, идеата зад нашето име не дојде од овој филм 🙂

neytiri_in_avatar_2-wide-do-we-really-need-avatar-2

На поимот „аватар“, веројатно ќе се сетат оние кои од поодамна се дел од интернет-форумите, каде панданот на денешните профил-слики на Facebook, беа нарекувани аватари. Според лексиконот на Cambridge, аватар претставува слика која ве претставува во дигиталниот свет.

Токму за таа цел, тука сме ние – да ја создадеме Вашата слика во дигиталниот свет.