Pinterest станува интересна платформа за маркетинг

Дали користите Pinterest?

Ако одговорот на ова прашање е негативен, препорачуваме веднаш да се вклучите на 4-тата по големина социјална мрежа на планетава! Она што нас ни го привлекува вниманието е можноста Pinterest да се искористи за пласирање на маркетинг кампањите на нашите клиенти.

Pinterest_logo-3

Статистичките податоци говорат дека ова е платформа која не би требало да ја заобиколите во вашите маркетинг планови. Издвојуваме дел од нив:

  1. Скоро 75% од корисниците на апликацијата направиле купување додека ја користеле апликацијата, што претставува неверојатен податок за купувачкиот потенцијал и навики на корисниците на оваа апликација! Извор: Social Draft
  2. Најголем дел од корисниците на Pinterest се на возраст од 18 до 29 години (34% од вкупниот број)
  3. Во просек, секој од корисниците поминува најмалку 15 минути од денот користејќи ја оваа платформа
  4. Жените сочинуваат 71% од вкупниот број на корисници на Pinterest, додека мажите се застапени со 29%. Интересен факт е дека бројот на машки корисници е зголемен за 120% во однос на 2015
  5. Месечно, просечниот корисник на Pinterest поминува 98 минути на платформата, што е и повеќе од доволно време да го доведете во интеракција со вашите производи или понуди

pinterest

Не сте направиле ниеден Pin? Време е да започнете 😉