7 Facebook факти кои треба да ги знаете!

Маркетинг потенцијалот на Facebook станува поголем од ден на ден. Од последните податоци заклучно со Јули 2016, издвојуваме дел од фактите и бројките кои треба да ги знаете!

facebook

  1. На светско ниво, има 1,71 милијарда FB корисници (што претставува покачување од 15% во однос на минатата година)
  2. 1,13 милијарди секојдневно се логираат на FB (16% покачување во однос на минатата година)
  3. Дури 1,57 милијарди корисници се активни преку мобилен телефон (ова претставува најголемо покачување од дури 22%)
  4. Најголем процент од корисниците на FB се на возраст од 25 до 34 години (29,7% од вкупниот број корисници)
  5. 5 нови Facebook профили се креираат секоја секунда!
  6. На Facebook се прикачуваат 300 милиони фотографии дневно!
  7. Просечното време поминато на FB на секој корисник изнесува 20 минути

Извори: Facebook, Zephoria 

Имајќи ги предвид овие, а и останати истражувања и статистики, јасно е дека Facebook не е обична социјална мрежа за забава, туку сериозен медиум и сериозен маркетинг пазар за компаниите кои сакаат да ги пласираат своите производи и да ги претстават своите брендови.

Ако до сега имавте некакви сомнежи во однос на тоа дали Вашата компанија треба или не треба да биде присутна на Facebook, слободно преформулирајте го прашањето и запрашајте се – во колкава мера вашиот бизнис треба да е активен на FB.

Дали Вашиот бизнис е присутен на Facebook? Дали веќе ги почувствувавте благодетите на дигиталниот маркетинг?