Макпримат, нов клиент на Аватар Медиа

Здраво дечки,

Со огромно задоволство објавуваме дека текстилната компанија Макпримат е нов клиент на Аватар Медиа. Стартувавме со работа на 26 јули, а се надеваме дека ќе имаме долга и плодна соработка.

Макпримат е cover-novводечка текстилна компанија со седиште во Скопје, Р. Македонија. Формирана е како семејна компанија во 1990 година и од формирањето до денес е 100% приватна.

Макпримат брои 400 вработени, кои се директно одговорни за развојот и успехот на компанијата.

Дејноста на Макпримат е целосна реализација на еден налог, од неговиот пласман, производство, следење и контролирање на истиот, организирање превоз, до вршење на сите царинско технички услуги.

Мило ни е дека сега и ние ќе бидеме дел од тимот од преку 400 вработени и се надеваме на успешна соработка.